Пратеничката Затуроска од говорницата ѝ се обрати на јавноста и истакна дека Заев ветуваше експертско решение за позицијата јавен обвинител, а сега очигледно е дека на таа позиција планира да постави партиски послушник кој ќе го штити Зоран Заев од сите незаконски работи кој планира да ги прави во наредниот период.
– За ова да го оставари господинот Заев во континуитет превзема неколку контретни чекори . Прво за да ја заташка својата намера за лажните реформи кои планира да ги направи во судството со дрва и со камења фрла по претходната влада која наводно вовела многу лоши стандарди и критериуми, промени во судскиот систем што според она што го кажува господинот Заев. Целото судство моментално било корумпирано, некомпетентно, нестручно, извалкано и незнам какви уште не квалификации употребува господинот Заев. Второ смета дека со вакви лажни изјави ќе го разубеди граѓанството за професионалноста на судството и за она што тој планира да го направи, односно планира да направи такви реформи во судството, ренесанса и да го воскресне. Но кажува и нешто друго дека тоа ќе го направи врз основа на критериумите и стандардите по европски терк.
За пратеничката Затуровска евидентно е дека и досега сите реформи кои биле спроведувани во судството се правени по европски терк . Според пратеничката трета и последна фаза во планот на Заев е да се направи истото што СДСМ го направи во деведесетите кога 640 судии ги смени и назначи свои партиски послушници за само еден ден. За крај уште еднаш потенцираше дека единствена цел на сите овие наводни реформи во судството е поставување на партиски послушници кои ќе работа по наредба на Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст