| четврток, 6 декември 2018 |

Мел Би, Белафонте и дадилката оргијале, па се скарале

Англиската пејачка Мел Би, која претходно дадилката ја претстави како еден од факторите за нејзиниот развод, имала интимни односи заедно со својот, наскоро поранешен сопруг и нивната дадилка, а постојат и видеозаписи за тоа, пренесе „Јутарњи.хр“.

На снимките е прикажано како во интимни односи се Мел Би, нејзиниот сопруг Стивен Белафонте и нивната тогашна дадилка Лорен Џилс – „Сан“ ги пренел наводите во судски документи што протекле од бракоразводната парница.

Мел Би, поранешна спајсица, наводно, освен што учествувала во сексуалните односи, знаела и само да ја снима дадилката со својот сопруг.

Дадилката Лорен, која сега има 26 години, на суд изјавила дека сè започнало кога таа имала 18 години, а односите меѓу нив тројца траеле повеќе години. На суд завршиле откако во меѓувреме Мел Би и нејзиниот сопруг отпочнале бракоразводна парница, а пејачката ја тужеше Лорен, бидејќи таа ја претстави како еден од факторите за разводот.

– Јас и Стивен Белафонте имавме секс само кога Мелани ќе ни речеше да го направиме тоа или кога ние две први би почнале, па таа подоцна ќе го повикаше Стивен да ни се придружи – е дел од изјава до која дошле медиумите од судските документи.

Лорен тврдела дека пејачката и нејзиниот сопруг и онака имале „отворена врска“ во која, според договор, можеле да бидат интимни и со други луѓе.

Мел Би се наоѓа среде жесток развод со поранешниот сопруг Стивен Белафонте (42). Покрај тоа, на суд барала забрана за пристап на дадилката Лорен Џилс и ја обвинила дека ѝ украла 300.000 евра.

– Стивен ѝ рече на Лорен да изнајми сеф и да ги скрие снимките со секс – рекла 42-годишната Мел Би.

Таа тврдела дека двајцата ја злоупотребувале и ја вознемирувале, а и цело време живееле на нејзина сметка. Пејачката го обвинила Белафонте дека ја тепал во текот на бракот.

Стивен Белафонте, пак, открил дека по разделбата е банкрот, бездомник и дека спие кај пријател. Наводно им должел пари на адвокати и на банки што го застапуваат во бракоразводната парница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top