| четврток, 6 декември 2018 |

Фатени крадци на 13 работилници во Струга

tivat-pucao-vlasnike-kuce-koji-su-ga-zatekli-kradi-slika-163107

Двајца стружани се осомничени дека извршиле дури 13 кражби во работилници, сервиси и станови и дека така се стекнале со околу 6.500 евра.

Полициската станица во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно 13 кривични дела, од кои седум „тешка кражба“ и шест „кражба“, поднесе кривична пријава против Н.М. (29) и Р.М. (34), двајцата од Струга.

Пријавените ги извршиле кражбите во периодот од октомври минатата година до мај оваа година во станови, работилници, гаражи, камп-приколки, стоваришта за градежни материјали во Струга и с. Мислешево, Струшко. Тие одзеле бор-машини, циркулар машини, хилт апарати и други електрични работни машини и алати, акумулатори, предмети од бакар и алуминиум како и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист преку 400.000 денари. Пријавените ги извршиле кражбите со употреба на подесен алат за разбивање на сигурносните брави од вратите и со кршење катинари и  стаклата од вратите и прозорците. Пријавените се лица познати на службата против кои досега биле поднесувани пријави за слични казнени дела. Во моментов Н.М. е на издржување казна затвор во казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за претходно сторени кражби и тешки кражби. Истражен судија на РМ му одреди мерка притвор во траење до 15 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top