Ноќта на ѕвездите што паѓаат или метеорскиот дожд е ноќ која секого ќе натера барем еднаш да погледне во небото во исчекување на овој спектакл. Овогодишната појава наводно ќе биде најсјајна некогаш забележана.
Метеорскиот дожд Персида, според прогнозите на астрономите, ќе биде највидлив вечерва во 23.45 часот. Тогаш погледете во небо и замислете желба. Така среќата ќе ве следи цела година. Ако се верува на народното верување на оној кој вечерва ќе си замисли желба ќе му се оствари буквално се.
Во некои краеви се верува дека на местото каде ќе падне ѕвездата се наоѓа скриено злато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.