| четврток, 6 декември 2018 |

Тексас: Пронајдени 17 мигранти заклучени во камионска приколка

Полицијата во Тексас соопшти дека открила 17 лица, заклучени во камионска приколка, што била паркирана на една бензинска пумпа.

Помошник шефот на полицијата во тексашкиот град Единбург, Оскар Тревино, за локалната телевизија изјави дека имигранти од неколку држави, најмалку осум часа биле заклучени во големата приколка, пред да бидат ослободени во неделата утрината, пренесоа британските медиуми.

Како што наведе полицијата на Единбург, ниту еден од имиграните не бил повреден, а уапсени се две лица, за кои се верува дека се одговорни за шверцот со луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top