Македонија гори веќе еден месец, изгореа цели планини од над 5 илјади хектари борова, дабова и нискостеблеста шума, пасишта и утрини во повеќе места во цела Македонија. Се направи пустош и се нанесоа ненадоместливи економски и еколошки штети на државата и граѓаните. Селаните во населените места со голи раце ги бранеа своите животи и своите домови.
И додека народот со недели се бореше и денес се бори со огнената стихија, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски се одмара и се сонча на престижна туристичка дестинација!!. Каков базобразлак!!
Како можеше овој министер да го напушти народот и државата во која горат шумите и планините, скапува родот на нивите, горат насадите поради полупразни акумулации, а токму тој како Министер за земјоделството, шумарството и водостопанството е надлежен да ги решава проблемите. Наместо да ги решава акутните проблеми, крајно неодговорен и несовесен, срамно и подмолно ги остави граѓаните и земјоделците сами да се борат со проблемите.
Каква душа има овој човек?. Каков е неговиот морален кредибилитет? Да имаше трошка совест, немаше ниту на крај памет да му падне да замине на одмор и да се сонча и да ја остави државата и замјоделците на милост и немилост.
Ова што го направи Љупчо Николовски е класичен случај на дезертерство. Тој побегна од проблемите кој беше должен да ги решава. Во секоја држава, ваков дезертер веднаш ќе беше повикан на кривична одговорност и ќе беше притворен, а не да се остави понатаму да извршува министерска функција за земјоделство шумарство.
Кој ќе има доверба во ваков министер кој побегна од проблемите и замина да се сонча?. Во ваков човек немаат доверба ниту граѓаните, ниту земјоделците, освен неговиот ментор Зоран Заев, кој како претседател на Владата се покажа како тотално неспособен за решавање на проблемите на државата.
Каков претседател на Владата, таков и министер. Зоран Заев да беше одговорен и совесен, веднаш ќе го вратеше министерот да си ги врши работите. Но, очигледнио тоа не го стори.
Поради тоа, одговорност за неодговорно и наненавремено преземање на превентивни и конкретни мерки за спречување и гаснење на пожарите и за решавање на проблемите на земјоделците на кои им скапа родот на нивите, сноси претседателот на Владата Зоран Заев, кој се препна на првата посериозна работа и покажа дека е неспособен да ги решава проблемите.
Окупиран од грижата за решавање на персоналните прашања и сместувањето во удобни фотељи на шарените револуцонери, соросоиди, партиски послушници и блиски роднини и пријатели, за Зоран Заев животните и горливи прашања на граѓаните немаат никаква важност.
Грозоморната слика за неодговорноста и неспособноста на Владата и Министерот дезертер се опустошени планини, јагленосани шуми и очајни земјоделци на кои им скапува родот на нивите и незнаат како ќе преживеат. Најмалку што се очекува од нив е да си поднесат оставка. Ќе имаат ли доблест да го сторат тоа?
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст