Под покровителство на вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика и нелегитимниот претседател на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вечерва во Скопје беше одбележана 16-годишнината од потпишувањето на политичкиот Охридски рамковен договор, со кој се стави крај на воениот конфликт во Македонија во 2001 година и се постави рамка за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија.
Потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД, Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во конфликтот од 2001. Поради тоа, граѓаните од македонска националност го сметаат за насилно изнуден и неприфатлив.Шеснаесет години подоцна експертите и граѓаните се сѐ уште поделени околу тоа дали е Охридскиот договор извор на стабилност или, напротив, извор на нестабилност за Република Македонија. Сепак, договорот и понатаму доследно се спроведува и се претвори во платформа за промоција и заштита на правата на албанското малцинство.
Службен јазик во Република Македонија е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, дури и според овој договор, иако вечерва македонскиот јазик беше понижен претставен како јазик од втор ред. Името на договорот чиешто потпишување беше одбележано прво беше испишан на албански, а потоа на македонски и на англиски. Изгледа сите заборавиле вечерва дека македонскиот е јазик на мнозинството во Република Македонија, а Рамковниот договор ги уредува правата на малцинствата, не на Албанците.
Да потсетиме, денеска, како резултат од војната во 2001 година, Република Македонија е мултиетничка држава, со Рамковниот договор, кој беше спроведен во Уставот на Република Македонија, беа изедначени сите етнички заедници што живеат во државата, изедначени по својот државотворен карактер, во граѓанска смисла и претходно сите беа еднакви во оваа држава. Во денешната проекција на СДСМ за редефинирање на државата ги наоѓаме само Македонците и Албанците, Заев не го чувме да каже во Струмица, покрај македонскиот и албанскиот, да се воведат и влашкиот, српскиот, ромскиот, турскиот и други јазици. Со тоа Заев се стреми Македонија да прерасне во биетничка држава, на тој начин мултиетничноста и Рамковниот договор можеме да го гледаме само како етапа пред целосното исполнување на сонот за „Голема Албанија“, и сето тоа врз грбот на Македонците, но и врз грбот на Турците, Власите, Србите и на Ромите.
Рамковниот договор е спроведен, ако се отвори, следува физичка поделба на Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст