| четврток, 6 декември 2018 |

Дождот го изгасна пожарот над Кондово, се уште активни десетина пожари низ државата

Кондово помина пеколна ноќ. Жителите раскажуваат дека преживеале пекол во битката со огнената стихија која вчера вечерта беснееше на ридот над селото. Црнилата од изгорена трева и борова шума ја покажуваат линијата до каде стигнале пламените на само неколку метра од последните куќи во селото.
-Гореше до 1 после полноќ, страшно беше. Имаше пожарникари, гасневме и ние но штетата се направи, раскажа Суат Нуредини,  жител на Кондово за Алфа Телевизија.
Жителите велат дека изминативе три дена гледале дека нешто гори во планината не ни очекувале дека пламените ќе стигнат до селото, силниот ветер вчера го направил своето, па огнените јазици се гледаа дури од центарот на Скопје.
Дождот ноќеска беше од голема помош огнот да се изгасне, па кондовци да здивнат, а жените и децата кои вчера ги испратиле кај роднини да се приберат дома.
Врнежите од утринава беа од помош да се изгаснат повеќе пожари кои со денови беснеат на околу 15 локации низ државата, информираат од ЦУК. Сепак се уште се активни пожарите во прилепско, како и во околината на Крушево, како и на Бистра каде гори сува трева и смрека. На Пелагонија се уште гори сува трева, но од ЦУК уверуваат дека пожарот е под контрола и е далеку од манастирот Трескавец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top