| четврток, 6 декември 2018 |

Оливер Спасовски ужива во Св. Наум, додека малиот Даниел лежи на КАРИЛ во критична состојба

Додека малиот Даниел лежи на интензивна нега, приклучен на апарати кои го одржуват во живот, Оливер Спасовски, првиот виновник за неговата состојба Оливер Спасовски, кој го поставил полицаецот кој пукаше без очигледна причина ужива во Св.Наум на сплав – објави Инфомакс, објавувајќи и фотографии од Спасовски.

Оливер Спасовски, како министер за внатрешни работи, е виновникот поради кој малиот Даниел денес лежи на интензивна нега, приклучен на респираторна машина и апарти кои го одржуваат во живот, додека неговите родители се на печалба во Словенија. Но наместо Спасовски да превземе одговорност за трагедијата која ја предизвика полицаец поставен од негова страна, реши дека треба да си го одмара во Св.Наум.

Повикувајќи се на свои информации, Инфомакс објави дека Оливер Спасовски го ангажирал половина МВР да го обезбедува, затворајќи го туристичкиот комплекс Св.Наум, каде патем туристите плаќаат за влез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top