Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера заедно со дел од членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ одржа средба со претставниците на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од партија.
„На средбата се разговараше околу актуелната политичка состојба во Република Македонија и проблемите со кои се соочува државата откако СДС ја превзема власта. Претставниците на задграничните комитите на ВМРО-ДПМНЕ изразија загриженост за моменталната политичка состојба како и за реализацијата на предизборните ветувања на Зоран Заев и СДС кои водат кон разнебитување на државата“, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека исто така тие изразија и разочарување на односот на државата кон дијаспората и активноста на новиот министер за дијаспора Едмонд Адеми.
На средбата билеа договорени и модалитетите за поголемо вклучување на дијаспората за реализација на партиските политики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст