| четврток, 6 декември 2018 |

Интензивно се гради Луна паркот во Скопје (Фото)

Градот Скопје непречено го реализира проектот за изградба на новиот Луна парк во Скопје. Градежните компании во моментов работат на изведба на подземната инфраструктура, а веќе се завршени приклучоците кон водоводната и атмосферската канализација, објави Билд.Паралелно со подземната инфраструктура, на терен се работи и на изведбата на првите бетонски елементи од внатрешноста на паркот, кој се основа за поставување на идните реквизити и за планираното езерце. Летните дискотеки не се урнати во оваа фаза од реализацијата на проектот. Градежниот дел од проектот чини над 1,6 милиони евра.Портите на новиот Луна парк во Скопје треба да бидат отворени во 2018 година. Сепак, неизвесно е дали сите фази од реализацијата на проектот ќе бидат завршени до тогаш, поаѓајќи од фактот дека Градот Скопје веќе најави постепена изведба на паркот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top