Времето денеска ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер и значително посвежо. Претпладне ќе има слаб локален дожд. УВ индексот ќе има вредност 7.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а дневната од 19 до 29 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има слаб локален дожд.
Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 27, Маврово 19, Охрид 24, Битола 25, Кавадарци 28, Дојран 29, Берово и Крива Паланка 22…
Утре времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината. Дневните температури ќе се движат од 26 до 33 степени, а УВ индексот се враќа на вредноста 9.
Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во интервал од 28 до 35 степени, прогнозира УХМР..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст