Македонската кошаркарска репрезентација со триумфот од 87-74 над Косово остана во игра за пласман во квалификациите за СП 2019.
Избраниците на Јорданчо Давитков ја остварија првата победа во претквалификациите, одмаздувајќи му се на Косово за поразот во првиот меч.
На нашиот национален тим му беше потребна победа од најмалку пет поени за да биде подобар при меѓусебното рангирање со Косовците по поразот во Приштина, што беше и остварено.
Теодор со 24 поени беше најефикасен, Костоски уфрли 16 поени, а Војдан Стојановски повторно беше предводник на паркетот, завршувајќи ја средбата со 14 поени, 6 скока и 4 украдени топки. Одличен беше и Младеновски со 12 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.