Постојано глумење и докажување, сонување и силно его. Главните актери во сопствената драма се луѓето родени во овој знак. Лавовите се оние кои веруваат дека светот настанал кога тие се родиле и дека другите луѓе треба секогаш да се однесуваат како да им се слуги. Веруваат дека сите нешта се создадени за нив и дека тие треба секогаш да се во центарот на вниманието.
Иако делуваат како да сакаат постојано да флертуваат и да немаат подлабоки врски, сепак тие се луѓе кои вистински ја ценат љубовта и постојано тежнеат кон неа. Тие имаат моќ да ве сакаат повеќе од секоја друга личност која ќе ја запознаете, токму поради тоа што имаат огромно срце во себе. Нивното срце е големо и во него не се само најблиските, туку сите оние личности кои за Лавовите се посебни. Тоа секогаш се луѓе кои имаат шарм, убава енергија и кои не се обични.
Лавовите највеќе ги сакаат оние луѓе кои им се восхитуваат. Ним им е потребен восхит и во пријателството и во љубовта. Штом некој ќе ги освои, најчесто се верни и предадени партнери, секако доколку другата страна не ги изневери и знае да им се восхитува, како што тие сметаат дека заслужуваат.
Сонцето кое е владетел на нивниот знак им дава големо срце, но и љубов во себе. Тие имаат многу среќа, успех и светли моменти во животот. Се што прават го прават токму благодарение на таквкто срце. Овој знак е полн со жар и страст и претвора во успех и љубов што и да допре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст