Еден од трите радари кои мора да функционираат постојано и од кои зависи контролата на небото над Македонија веќе четврти ден е надвор од функција, објавува порталот Денешен, повикувајќи се на свои извори.
Порталот пишува дека радарот престанал да функционира и наместо по протокол веднаш да се изврши инспекција, новиот директор ги забранил инспекциите.
„Со тоа директорот постапил надвор од сите правила, демонстрирајќи негрижа, импровизации и неспособност на новото раководство наМНАВ, кои според досега виденото доаѓаат како задолжителен багаж на секој нов кадар поставен од СДСМ. Прашање е кој ќе ја сноси одговорноста доколку македонската контрола на летање поради работа без еден клучен радар кој никој не го поправа, направи грешка во своето работење“, пишува Денешен.
И најмал превид или грешка во работата на контролорите значи трагедија со катастрофални последици за која е прашање кој ќе ја земе одговорноста – само МНАВ и новиот директор кој не презема итни чекори за санирање на проблемите, или и сите оние кои ги поставиле нив на раководни позиции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст