| четврток, 6 декември 2018 |

Најскапиот фустан чини 30 милиони долари (Фото)

Малезискиот дизајнер Фаизали Абдула пред осум години и покрај големата економска криза во светот, реши да го дизајнира најлуксузниот фустан кој го нарече „Nightingale of Kuala Lumpur“.

Креацијата е направена од свила, шифон и сатен, а опточена е со 751 дијамант од 70 карати.

– Акциите паѓаат, вредноста на златото опаѓа, но дијамантите се вечни. Ова е фустан со дијаманти. Зошто да се враќаме наназад? Зошто да не одиме напред?, изјави дизајнерот.

Компанијата „Stylo“ е задолжена за продажба на најскапите фустани во светот, а менаџерот Ненси Јео истакнува дека оваа креација е вистинско уметничко дело и има доволно богати луѓе кои би сакале да ја купат. Фустанот чини 30 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top