Американскиот претседател Доналд Трамп му изрази јавна „благодарност“ на неговиот руски колега Владимир Путин затоа што „помага за намалување на трошоците“ со неговата наредба за намалување на бројот на персоналот во дипломатските мисии на САД во Русија.
– Би сакал да му се заблагодарам (на Путин) што овозможува да се заштедат американски пари, изјави Трамп.
На крајот од јули, рускиот претседател нареди да се намали бројот на американакиот дипломатски персонал во Русија за 755 лица, што беше одговор на Москва на најновите американски санкции кон Русија, што го усвои Конгресот.
Со ваквата одлука, со која се опфатени Амбасадата на САД во Москва и конзулатите во Санкт Петербург, Екатеринбург и Владивосток, бројот на американските дипломати во Русија ќе изнесува 455, односно исто толку колку што има и руски дипломати во САД.
Американските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори, објаснуваат дека поголемиот број од персоналот што треба да се намали, всушност е домашен кадар кој бил ангажиран во дипломатските мисии.
Тоа значи дека бројот на дипломатскиот персонал на САД што до 1 септември треба да си замине од Русија ќе биде помал од 755 лица колку што содржи наредбата на рускиот претседател.
Кога Путин ја објави наредбата, Стејт департментот реагираше со соопштение дека станува збор за „жално решение“.
Трамп, меѓутоа, сега не жали за ваквата постапка, туку „му благодари“ на рускиот преседател за „заштедата што на САД на овој начин им се обезбедува“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст