Македонија се уште се бори со пожарите. Најкритично и натаму е во реонот на Македонски Брод. Огнената стихија која беснее веќе 20-ина дена, ја уништува шумата во атарот на селата Заград, Растеш, Волче и Брест, а од денеска повторно гори во близина на селото Грешница, поради што е активиран и хеликоптер на АРМ кој активно дејствува околу овие населени места. Сеуште е критична состојбата и во општина Чашка.
Активен пожар има и во Кичевско, на планината Бистра, кај мв Фрлогоец, кој што се шири кон дабова шума. За справување со критичната ситуација се ангажирани екипи на шумското стопнаство „Лопушник“, единици на локална самоуправа од Кичево и Дирекцијата за заштита и спасување. Во тетовскиот регион, сеуште е активен пожарот во општина Јегуновце, на планинскиот потег над селата Копанце, Туденце и Сиричино, а гори и во атарот на село Гргурница, во општина Брвеница.
Со цел долгорочно намалување на ризиците од шумски пожари, поројни поплави, лизгање на земјиште и ерозија на почва, ЦУК ја продлабочи соработката со јапонската агенција за меѓународна соработка (ЏАЈКА). Како резултат на соработката, воспоставен е и Македонскиот информативен систем за заштита од шумски пожари Макфис, на кој илустративно може да се види состојбата со пожарите низ целата земја.
Од ЦУК повторно нагласија дека на сила и натаму е забраната за движење во шума, за што се пропишани и високи казни, кои се движат од 1500 до 2000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст