Постојат мали трикови благодарение на кои можете да ја спречите менструалната болка.
1. Здрава исхрана
Поборниците на здравата исхрана тврдат дека од пресудна важност е она што се јаде две недели пред менструацијата, односно дека од менито треба да се исфрлат или драстично да се намали внесувањето на црвено месо, млечни производи, шеќери, кофеин и алкохол. Се препорачува исхраната богата со риба како и сите намирници кои содржат магнезиум и други состојки кои ги опуштаат мускулите. Доколку во текот на тие денови не ви се јаде, секојдневно земајте диететски суплемент на магнезиум.
2. Масажа
Направете си ароматерапија и тоа во вид на топли облоги и масажи. Се препорачуваат етерични масла од камилица, лаванда или јасмин. Се тврди дека помага масажата на подрачјето на раката помеѓу коренот на палецот и показалецот. Друга масажа е на стапалата, односно на внатрешната страна помеѓу петата и коренот на прстите. Испробајте, нема што да изгубите.
3. Вежбање
Се препорачува умерено вежбање, бидејќи помага за опуштање на мускулите. Вежбањето влијае врз создавањето на бета-ендорфин кој во нашето тело делува против болката слично како морфиум. Покрај шетањето, добри се и вежбите за истегнување.
4. Пронајдете квалитетни и соодветни влошки за вас
Изберете влошки кои ќе ви помогнат да се чувствувате како и кој било друг ден. Изборот на влошки значително придонесува за опуштањето, а тоа е најважната работа во текот на менструалните тегоби. Внесувајте поголема количина на вода или лимонада, билен чај, супа. Споменатите течности ќе ве хидрираат, а топлината ќе ви го зголеми протокот на крв, што ќе ги опушти вашите мускули.
5. Чај од ѓумбир
Иако на многумина не им се консумира чај на +40 степени, сепак дајте ѝ шанса на оваа напивка. Во прашање е чај од ѓумбир, еден од најефикасните чаеви за менструални болки. Пијте го три пати на ден, од почетокот на крварењето до крајот. Прелијте лажичка изрендан корен со врела вода, оставете го околу дваесет минути и консумирајте го.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст