| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар под Кожуф

Пожар избувна попладнево кај локалитетот Васов град под планината Кожуф, кавадаречко. Како што информираат од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, пожарот има зафатено околу четири хектари со даб и смрека.

– Во гаснењето на огнот се вклучени пожарникари, како и работници од „Фени индустри” и „Кожувчанка”, соопштуваат од противпожарната единица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top