
Маж од Азија гледал како неговата 20-годишна ќерка се дави на плажа во Дубаи и не преземал ништо! За несреќата да биде уште потрагична, тој е одговорен за смртта на својата ќерка бидејќи не им дозволил на спасувачите да ја извлечат од вода и физички ги спречил кога тргнале да ја спасуваат.
Изјавил дека “ќе ја осквернават ако непознати мажи ја допираат” …
Неименуваниот “татко” е уапсен и против него надлежните покренале кривична постапка бидејќи со своето делување директно придонел за смртта на неговата сопствена ќерка.
“Азиецот ги однел својата сопруга и децата на плажа за да пливаат, да имаат семеен пикник и да се забавуваат. Останатите деца исто така биле во вода кога 20-годишната девојка одеднаш започнала да се дави, започнала да вришти и да бара помош”, раскажал поручникот Ахмед Бургиба, заменик директор на полицијата во Дубаи.
“Двајца спасувачи од плажата веднаш се стрчале кон водата за да ѝ помогнат на девојката. Таткото, крупен и силен човвек, тргнал да се бори со нив, ги влечел и физички ги запрел да го спасат девојчето, а потоа станал и многу насилен и агресивен. Тој им кажал дека повеќе би сакал ќерка му да е мртва отколку да ја допираат непознати мажи” – ја продолжил приказната и самиот во неверување и додал:
“Ова е еден од инцидентите кои никогаш нема да ги заборавам. Шокиран сум. И јас и сите останати кои се вклучени во случајот”, објаснил полицаецот.
Извор: Точка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


