Предлог-законот за употреба на јазиците е веќе во собраниска процедура, а реакциите во јавноста не стивнуваат. Последни со реакција се јавија и лингвистите кои сметаат дека овој предлог-закон го крши Уставот на Република Македонија и излегува надвор од рамките на Охридскиот рамковен договор. Лингвистките Симона Груевска Маџовска и Александра Ѓуркова од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје поднесоа и приговор со цел да го свртат вниманието и од стручен аспект кон неколку точки.
Новинарот Христо Ивановски анализирајќи го овој предлог-закон за јазици во вестите на ТВНОВА истакна дека добар е потегот на лингвистките, но поголема тежина ќе имаше нивната реакција доколку целиот Институт застанеше позади нив.
– Дека Предлог-законот за употреба на јазиците излегува од уставните рамки и Охридскиот договор кој практично е преточен во Уставот, кажаа многу експерти. Секогаш зедниците во Макеоднија имале право да ги користат своите јазици, но макеоднскиот јазик треба да биде заштитен и да биде јазикот кој ќе ги спојува сите етникуми кои живеат тука и да биде јазикот на комуникација со странство. Овојпат, се издвојува албанскиот јазик посебен и се изедначува со македоноскиот речиси на сите нивоа и зачекоруваме во еден проект кој води кон двонационална држава – смета Ивановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


