| четврток, 6 декември 2018 |

Нема во продажба билети за мечот Македонија – Косово

Македонската кошаркарска репрезентација за два дена ќе го одигра најважниот натпревар од претквалификациите за СП во 2019 година во Кина, каде на домашен терен ќе ја прчекаме селекцијата на Косово.

Меѓутоа, љубителите на кошарката нема да имааат можност за овој натпревар да си обезбедат билет, откако МКФ одлучи само оние кои што поседуваат блок – билети да можат да им дадат поддршка на овој дуел на “црвено – жолтите”.

Македонската кошаркарска федерација сака да и се извини на сета спортска јавност поради ваквиот развој на настаните со кој им се ускратува можноста на оние кои сакаа да го проследат овој натпревар од трибините во VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски. Сите оние кои поседуваат блок-билети можат со истите да присуствуваат на натпреварот, но ќе бидат прераспределени во блок М15, велат од МКФ.

Натпреварот меѓу Македонија и Косово се игра на 12 август со почеток од 20:30 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top