| четврток, 6 декември 2018 |

Вртикапа на чело на ФЗОМ

Владата го разреши Сашо Стефановски од директорското место во Фондот за здравствено осигурување и на негово место го назначи Ден Дончев.

Дончев е поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, при што беше и генерален секретар на партијата откога нејзин претседател стана Никола Груевски во 2003 година.

Подоцна, тој се разиде со Груевски и му се приклучи на Љубе Бошкоски во Обединети за Македонија, а на последните избори беше носител на пратеничката листа на коалицијата на ОМ, ВМРО-НП и Достоинство во првата изборна единица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top