СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.М. (23) од с. Франгово, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “загрозување на сигурноста”.
Пријавениот, на 10 јини во 22.30 часот во ноќен клуб во Охрид упатил навредливи зборови и сериозни закани по живот на неговата поранешна девојка.
Откако дознал дека неговата поранешна девојка со друштво се наоѓа во ноќен клуб, Е.М. пристигнал во објектот и отишол до масата каде се наоѓала девојката и ги упатил заканите.
На тој начин предизвикал страв и вознемиреност кај оштетената и кај другите присутни. По кратко време, пријавениот заминал по што продолжил да и се заканува со смс пораки на нејзиниот мобилен телефон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст