Професорката Билјана Ванковска, еден од интелектуалци кои редовно ги коментираат политичките збиднувања во Република Македонија, со жесток тон преку својот Фејсбук профил им се обрати на сите замолчени стручњаци, експерти, професори сегашни и пензионирани, и од правниот факултет на УКИМ, но и од другите низ државата.
„Ако Правниот факултет (на УКИМ), но и сите останати правни факултети низ државава, не се произнесат ЈАВНО, ГЛАСНО и ИТНО околу неуставноста на предлогот на Закон за јазиците, тогаш и не треба да постојат! Нека се самораспуштат, бидејќи се’ што отсега натаму ќе треба да им го кажуваат на студентите ќе биде лага и фарса, а не наука и занает. Тука ги вбројувам и пензионираните професори, кои се’ уште молчат. За жал, и дел од студентите на овие факултети се веќе пратеници (законодавци!) и аминуваат политички уцени и небулози, кои не само што водат до разградување на државата (политичката заедница) како таква, туку и до укинување на правниот систем. “ пишува Ванковска и додава:
„Се разбира, ова е само последната капка во веќе преполната чаша на хибридни неуставни решенија, кои во себе немаат никаква правна филозофија и логика, ами се политички решенија во рамки на меѓународен стејтбилдинг.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.