На регионалниот пат Желино – Сиричино во Тетово вчера напладне се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Л. (36) од с. Копанце и патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Б. (42) од с. Озормиште.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Л., возач на возилото „Фиат пунто“, која по укажаната лекарска помош во Клиничка болница Тетово била пренесена и задржана на лекување во Ургентниот центар Скопје.
Возачот на „БМВ“-то и сопатничката А.Б. (41) од с. Озормиште се здобиле со телесни повреди и биле задржани на лекување во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.