Кралицата Елизабета реши својата круна да ја препушти на својот внук, принцот Вилијам и снаата Кејт Мидлтон, со што тие наскоро ќе станат крал и кралица.
Иако со овој чекор таа прескокува една генерација, односно својот син, принцот Чарлс од Велс и неговата сопруга Камила, Елизабета Втора тоа го оправдува со фактот дека последните децении кралското семејство минало низ низа негативни трендови, па дека помладата генерација е поподобна да го поправи имиџот на династијата Виндзор.
Кралицата оценила дека Кејт и Вилијам имаат иднина и дека ги следи позитивен имиџ во модерниот свет, поради што наскоро ќе ја наследат нејзината круна, открил извор од кралската палата.
-Кралицата 65 години од својот живот посвети на династијата Виндзор и нејзиниот опстанок. Сега таа гледа дека Кејт и Вилијам имаат сила и енергија добро да ја завршат кралската работа во модерниот свет кога станува збор за одржување на монархијата. А кралицата секогаш ќе го прави она што е најдобро за успех на монархијата. Исто така кралицата истакнала дека монахрхија го нема угледот што го имала, но дека Кејт и Вилијам тоа можат да го променат-открил изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти
-
Кејт Мидлтон се расплакала поради Меган: Исплива највалканата тајна од кралската венчавка!
-
Ги закрви браќата: Вилијам поради Меган се скара со братот!
-
Најголемиот талент во школата на Барса има 15 години и живее како крал (Фото)