Граѓаните на Прилеп и Македонија сочувствуваат со ситуацијата и проблемите со кои се соочуваат мигрантите во Сирија, Авганистан и другите држави, но Прилеп и Македонија ниту имаат можности ниту имаат капацитет да се справат со толкав бран бегалци кои се подготувуваат да дојдат, дециден е градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
–Секој ден комуницирам со граѓаните и тие се изреволтирани од ваквиот однос на Владата. Најмногу ги иритираат експресните права и привилегии што ќе ги добијат бегалците – давањто државјанства директно ќе влијае на промена на демографската структура на оМакедонија, а во време кога општината се соочува со голема невработеност, неблагодарно е експресно да им се озможи вработување. Во стратегијата е предвидена изградба и на социјални станови и згради. Ние имаме голема категорија на граѓани, особено кај ромското население, кои треба да добијат социјални станови и кои треба да бидат приоритет. Сите овие пари со кои ќе се градат станови, згради, инфраструктура за бегалците би можеле да се вложат во ромската населбаза изградба на инфраструктура, исто така наместо да се прекинуваат одредени програми за подобрување на квалитетот на живот во Прилеп како што беше предвидено изградба на нови спортски сали, нова градинка, подобрување на условите во Домот за стари лица, рурална програма за изградба на водоводи и патишта до населените места, ние сите овие пари од буџетот на Македонија ќе треба да ги трошиме за згрижување на сите овие мигранти и странци кои Владата планира да ги насели во Македонија. Секогаш за вакви теми треба да се прашаат граѓаните и населението и мислам дека Прилеп нема да дозволи една лоша стратегија која би се одразила на квалитетот на живот на нашите сограѓани, изјави Марјан Ристески.
Ристески истакна дека одредени изјави на политичари на позицијата и Владата укажувале на тоа дека оваа стратегија е во план да се спроведе, аза тоа укажувале и активностите на одредени НВО за тоа како во иднина би требало да се прави едукација на населението за да се прифатат бегалците и како да се однесуваме со нив.
–Јас комуницирам и со другите градоначалници во Македонија,од другите градови и сите граѓани го делат мислењето на прилепчани. Имаме секојдневна комуникација и со градоначалници од други држави кои беа погодени од оваа бегалска криза, верувајте и тие имаат огромни проблеми и ние несакаме тие проблеми да се пресликаат кај нас, додаде Ристески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст