| четврток, 6 декември 2018 |

Шеснаесет години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила

Во спомен на загинатите припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски Бачила во 2001 година, делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија денеска ќе положи цвеќе пред нивните споменици во селата Волково и во Љубанци и кај спомен-плочата во касарната „Илинден” во Скопје.
На 10 август 2001 година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на две противтенковски мини.
Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.

ВО ЗНАК НА НЕЗАБОРАВ И ПОЧИТ И ПО 16 ГОДИНИ
ОД НИВНАТА ХЕРОЈСКА СМРТ ЗА МАКЕДОНИЈА
– Томе Бадаровски (†33) од Скопје
– Марјанчо Бошковски (†28) од Волково, Скопско
– Томе Димоски (†37) од Скопје
– Ивица Златевски (†24) од Скопје
– Бранко Јанев (†36) од Скопје
– Раде Јанковски (†32) од Волково, Скопско
– Томислав Настевски (†27) од Ѓорче Петров, Скопје
– Гоце Чанкуловски (†39) од скопско Љубанци
НЕКА ВИ Е ВЕЧНА СЛАВАТА ХЕРОИ НАШИ!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top