| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип почнува од понеделник

Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип прв почнува со уписи на студентите во прва година за академската 2017-2018 година. Слободни места има за 5212 бруцоши.

Ректорот на УГД-Штип Блажо Боев денеска на прес-конференција рече дека уписите ќе се реализираат на сите факултети и академии на 14-ти,15-ти и 16 август. Студентите кои ќе аплицираат на факултетите и на студиските програми кои се во Штип, документите ќе ги доставуваат во фоајето на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, а исто така прием на документи ќе се врши и во академските центри на Универзитетот во Струмица, Скопје, Кавадарци, Прилеп, Радовиш, Виница, Пробиштип и Кочани.

– Исто така, отворена е и електронска платформа на која може да се пријавуваат идните студенти. Мислам дека сите опции се отворени и достапни за пријавување на универзитетот од каде било во Република Македонија и надовор од државата. Доколку сакаат да пристапат на електронската платформа за пријавување студенти, рече Боев.

Според анализите на раководството на УГД-Штип, очекуваат во првиот, но и во остантите уписни рокови да се запишат максимум 2500 студенти во прва година.

– Мислиме дека бројката од 2.500 студенти е нормална и да кажеме реална бројка, која што би требало да пристапи на овој универзитет и мислам дека условите кои ги располага универзитетот е бројка со која можеме да се носиме и да правиме кавлитетно образование, рече Боев.

Според ректорот на Штипскиот универзитет, 12-те факултети и трите академии на студентите им нудат квалитетно образование и современи услови за студирање. Очекуваат студенти не само од источна и југоисточна Македонија, туку и од другите региони, а исто така најавено е дека ќе имаат и поголем број странски студенти кои сакаат да се запишат на некој од факултетите или академиите.

На прашањето дали е надминат проблемот со недостиг на наставен кадар на Факултетот за медицински науки, кој е и најатрактивен за студентите, Боев одговори дека проблемот е надминат со тоа што се ангажираат и надворешни универзитетски професори.

– На Медицинскиот факултет во Штип има доволен број наставници за покривање на студиските програми. Меѓутоа, тоа не значи дека не анагажираме и надворешни наставници. На универзитетот „Гоце Делчев“ има ангажирано поголем број надворешни наставници, кои се надевам дека во времето кое следува во некој соодветен процес ќе бидат ангажирани. Со тоа, како што ќе се појавуваат квалитетни наставници, кои сакаат да пристапат на универзитетот „Гоце Делчев“, така ќе биде решавано и ова прашање, рече Боев.

Ректорот на УГД-Штип забележа дека доколку министерствата за образование и финансии дадат согласности за вработување, во тој случај Штипскиот универзитет може да прими 150 асистенти и универзитетски професори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top