| четврток, 6 декември 2018 |

Mасакар во здравството: СДСМ и Таравари ги претворија здравствените установи во семејни фирми

СДС и Таравари вршат вистински масакар во македонското здравство, а од здравствените установи прават семејни фирми на неколку фамилии блиски до власта. СДС и Таравари ги ставаат здравствените установи под контрола на сопствениците на веледрогериите и белата мафија од времето на претходните владеења на СДС, изјави денес Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

-По назначувањето на митаџиите од типот на Нетковски, Барбов и Докиќ за директори на скопските клиники, СДС се одолжува и кон белата мафија, именувајќи ги Елена и Христијан Костови и Ирина Пановска за директори на едни од најголемите здрвствени установи во државата. Кога граѓаните помислија дека виделе се од СДС, СДС е тука да ги демантира. СДС и Таравари ја именуваа Софија Пејкова, снаа за син на сопственикот на веледрогеријата АДРИА МЕД, Коле Пејков, за директор на клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, истакна Андоновска.

Таа истакна дека СДС и Таравари го ставаат здравството под капа на белата мафија, кои се испреплетени во пријателски врски со врвот на СДС.

-Таравари со своите именување за директори на лица осудени криминалци, фатени митаџии, и членови на најтесното семејство на сопственици на веледрогерии, и порачува на јавноста, дека не сака професионализација на здравството, туку преклопување на здравството со кадри блиски до власта, сврзани во фамилијарни бизнис шеми со врвот на СДС. Поставување на лица за директори во здравствени установи кои се во роднински врски со сопственици на веледрогерии се потенцијален ризик за корупција и создавање на нелојална конкуренција на пазарот помеѓу веледрогериите, со што се фрла сомнеж дека една фирма секогаш би била во поповолна ситуација во однос на другите на повиците за јавни набавки во здравството, вели Андоновска.

Таа додава дека заради ваквата неодговорност и неспособност СДС ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимирана од страна на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top