Секој родител сака неговото дете да се храни здраво. Но, тоа не е секогаш возможно. Форсирањето може да предизвика контраефект, така што многумина родители, порано или подоцна попуштаат пред желбите на детето.
Една нова австрлиска студија покажала дека постои многу едноставен начин децата да го засакаат зеленукот. Научниците од универзитетот „Дикин“ испитале 72 основци за тоа каква храна сакаат да јадат.
Истражувањето покажало дека децата биле подготовени да изедат цел морков, отколку сечкан на кругови.
– Во просек, тоа значи дека изеле 10 отсто повеќе цели парчиња зеленчук, отколку сечкан. Очигледно дека попрво ќе изедат цел морков, отколку сечкан на парчиња – вели Џи Лијем, водач на истражувањето.
Исто ттака, децата ќе изедат повеќе, ако имаат повеќе храна во чинијата. Но, тука важи и спротивен ефект.
Лијем вели дека децата ќе изедат помалку чоколадо, ако им се искрши на помали парчиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


