Во Мадрид е отворен првиот „неп бар“ во Шпанија, каде што посетителите ќе можат да дремнат и да „ги наполнат батериите“ за остатокот на денот. Барот „Сиеста енд Гоу“ е инспириран од сличните „барови за дремка“ кои веќе функционираат во Лондон, Дубаи и во неколку градови во Јапонија.
Шпанскиот бар на своите гости им нуди приватни соби или простори во кои може да се дремне заедно со други луѓе. Цената за една „дремка“ се движи од 12 до 14 евра за час.
Барот се наоѓа во финансискиот кварт на Мадрид, Азци и во него гостите можат да одморат и малку да отспијат во удобни столици. Покрај ова, по желба. гостите может да добијат и пижами, влечки, весници и кафе.
На интернет страницата на „Сиеста енд Гоу“ е наведено дека нивна цел е гостите добро да се одморат и дека посетата на барот ја намалува напнатоста и стимулира креативност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст