Неодамна беше откриено дека Адријана Лима е во врска со Метин Хара, а не помина многу време пред да започна да се шират гласини дека бразилската убавица го изневерува турскиот писател.
36-годишниот ангел на Victoria’s Secret возврати на гласините за нејзиното неверство со пост на Instagram. Во пораката, таа објаснува дека мажот со кого ја обвинуваат дека има афера е всушност близок семеен пријател, кој е хомосексуалец.
Денес, доаѓам на Instagram за да го искористам како платформа на вистината. Како што гледате на фотографијата погоре, на која не го разбирам многу јасно турскиот јазик, но слушнав дека кружат гласини наоколу за мене и мојата верност кон мојата љубов Метин, и да реков мојата љубов.
За ваша информација мажот кој е до мене е мојот пријател кој е хомосексуалец, да реков пријател хомосексуалец и дел од мојата фамилија.
Причината поради која се вљубив во Турција е тоа што чувствував многу љубов кон оваа земја и нејзините луѓе. Па, ве замолувам да го почитувате мојот и приватниот живот на Метин и љубезно ве замолувам да престанете да создавате лажни вести.
Ова трае уште од минутата кога започнавме да се состануваме со Метин. Барам од вас да го прифатите фактот дека јас и тој сме среќни заедно и заљубени. Што се однесува до мојата љубов кон оваа земја, не се промени. Ви благодарам за разбирањето. Ве сакам со целото мое срце и со нетрпение чекам да се вратам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст