| четврток, 6 декември 2018 |

Модели кои ќе го одбележат крајот на летото

Ви претставуваме неколку парчиња гардероба кои ќе одбележат крајот на летото. Со нив ќе се чувстувате добро и среќно во својата кожа.

Елегантните фустани никогаш не излегуваат од мода

Елегантен фустан со голем тартан дезен и крагна како на кошула е вистински ибор за секоја дома. Моделот е струкиран, со долги ракави и должина до под колена. Се закопчува напред. Интересен додаток е ремен во ист дезен, како и фустанот.

Елегантни блузи

Лесна блуза од шифон со В израз е вистински погодок за оваа сезона. Има комотен крој и убаво паѓа. Оваа блуза е решение за секоја ситуација, кога не знаете што да облечете. Добро се вклопува во различни стилови на облекување.

Убава чанта

Урбана чанта на преклоп со нитни и шарен ремен кој се подесува, а може и да се извади е одличен предлог и им прилега на сите возрасти.

Фустан од муслин

Елегантен фустан од муслин на преклоп со карнери е фустан кој е многу удобен и комфорен. Муслин е синоним за елеганција, а преклопот преку гради и појасот околу половината овозможуваат фустанот да се прилагоди на секој облик на телото. Овој фустан може да се комбинира со рамни обувки за неформални излегувања или пак со високи потпеици за некоја свечена прилика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top