| четврток, 6 декември 2018 |

Прва победа за Македонија на ЕП Б дивизија во Даблин

Женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија (кошаркарки до 18 години) попладнево ја постигна првата победа на Европското првенство Б дивизија што се игра во Даблин. Совладана беше селекцијата на Молдавија со 124: 47 (37:15; 24:14; 24:8 и 39:10).

Утре на шампионатот е слободен ден, а во петок Македонија ќе игра против селекцијата на Швајцарија во натпревар за пласман од 17-24.место. Избраничките на селекторот Анета Глигорова по четирите порази, денешната победа ја навестија во првата четвртина кога постигнаа 37 поени, а на полувреме Македонија имаше постигнато 61 поен. Во вториот дел предноста само беше зголемена. Најефикасни во нашиот состав беа: Сара Спировска со 21 поен и Јована Петрушевска со 20 поени. Од 5.коло од групата Д денеска Велика Британија ја победи Словачка со 86:64 во натпревар за второто место во групата. Во последниот дуел играат домаќинот Република Ирска и Украина. Табела: Велика Британија 9 бодови, Р.Ирска 8, Словачка 8, Украина 6, Македонија 6, Молдавија 5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top