Вчера утрината во Полициска станица Кичево, од Медицински центар Кичево пријавено е дека кај нив биле донесени повредени лицата 41-годишниот И.М.од село Митрашинци-Берово (со тешки телесни повреди-фрактура на лева нога кај скочниот зглоб), и 61-годишниот М.С од Делчево (со тешки телесни повреди фрактури на двете нозе), работници кои работеле на автопатот во изградба Кичево-Охрид во атар на село Пополжани.
Тие по укажаната лекарска помош и поради сериозноста на повредите се префрлени во Болницата Св.Еразмо-Охрид.
Од извршениот увид утврдено е дека настанот се случил при кревање на кран со дигалка во еден момент дигалката изгубила рамнотежа и се превртела, при што повредените лица кои ја управувале дигалката скокнале од работната кабина на дигалката и се здобиле со повредите.
Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст