| четврток, 6 декември 2018 |

Во Србија изречени првите казни за родителите што не ги вакцинирале децата

Во Белград се изречени првите парични казни за родителите што не ги вакцинирале своите деца со вакцина против заушки, рубеола и мали сипаници. Според податоците на пркршочниот суд, во изминатите три месеци изречени се три парични казни, како и 10 предупредувања.

Од март минатата година, кога стапи во сила Законот за заштита на населението од заразни болести, поднесени се 241 пријава, со кои се предлага изрекување парични казни и до 1.200 евра.

Донесени се 32 одлуки од кои 21 осудителна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top