| четврток, 6 декември 2018 |

Најскапата влезница на „Сан Сиро“ за мечот помеѓу Милан и Шкендија е 140 евра

Италијански Милан ќе биде последната пречка за Шкендија на патот до групната фаза од Лигата на Европа. Тетовчани на првиот меч на 17 август ќе гостуваат на „Сан Сиро“ и ќе се обидат да извлечат поволен резултат пред реваншот во Скопје.

Билетите за овој меч се пуштени во продажба, а клубот ги повика навивачи да излезат во што поголем број, надминувајќи ја посетата од 65.763 во претходниот домашен натпревар против Крајова. Најефтината влезница ќе чини 20 евра, додека најскапиот билет за следење на македонската екипа во Милано изнесува 140 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top