| четврток, 6 декември 2018 |

Седницата за разрешување на јавниот обвинител е во спротивност со мислењето на Антикорупцоската комисија

Сакам да ве известам дека поголема група на пратеници поднесоа барање до Државната комисија за спречување на корупцијата која што е од суштинско за денешната седница и за процедурата која што ја терате, а се однесува на барање на мислење по однос на примена на член 8-а став 1 алинеа 4 од изборниот законик, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната седница на Собранието на Република Македонија по однос на разрешување на јавниот обвинител.

Димовски истакна дека владата на Република Македонија, писмениот допис со кој се предлага разрешување на јавниот обвинител, го доставила на 19 јуни, а на 6 август во Собранието на Република Македонија е потпишано решение за распишување на избори за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и дека собраниската седница на која се расправа за разрешувањето на јавниот обвинител е започната на 5 јули и се уште е во тек и тоа е со член 8-а став 1 алинеа 4 од изборниот законик со кој што се вели дека не може да се започне постапка за вработување на нови лица или престанок за работен однос во државни и јавни институции, а воедно започнатите постапки ќе се ставаат во мирување.

– Ова исто така е во спротивност на мислењето на Државната комисија за спречување корупција доставено до владата на Република Македонија во врска со дилемата за разрешување, односно именување на функционери по распишување избори според која од денот на донесување на одлука за распишување на избори до завршување на изборот постои законска пречка да се разрешуваат и именуваат директори на државна управа и други државни институции освен во случај каде нивниот мандат е завршен како што не е во случај во конкретната состојба. И затоа не случајно владата брзаше до саботата да разреши толку и да назначи нови со што и вие очигледно свесно учествувавте, потенцираше Димоски.

Димовски побара мислење од Џафери во врска со горенаведеното во однос на примена на членот 8-а став 1 алинеа 4 од изборниот законик, односно дали постои законска пречка во текот на периодот од распишување на избори за членови на советите на општините и советот на град Скопје и за градоначалници за општините и градот Скопје да продолжи собраниска седница за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија со оглед на тоа што изборите се веќе распишани, а не се работи за итни и неодложни работи.

– Вие правите една аналогија дека државната комисија за спречување на корупцијата не може да решава за нешто што Собранието ќе реши, по таа логика господине Талат Џафери повелете Вие од денес да ја утврдувате и цената на струјата и на нафтените деривати, заради тоа што исто такво тело регулаторно ние сме формирале и ја носи одлуката за цената на нафтата и на струјата и тоа не значи дека Вие имате право да носите одлука за цената на струјата и нафтата затоа што такво законско право сме го делегирале на друг, рече Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top