„Ауди“ за купците од Германија подготви стимулативни пакет-мерки за да ги замени старите дизел-возила за некои нови модели од оваа марка.
Сопствениците на стари дизел возила со Еуро 1 до Еуро 4, кои ќе се решат да купат „ауди“ со Еуро 6 агрегат (по принцип „старо за ново“) ќе добие бонус меѓу три и 10 илјади евра, во зависност од тоа кој модел сакаат да го купат.
Оваа акција, која е сосема финансирана од „Ауди“, засега е достапна само за купците во Германија и се вклопува со другите мерки, кои владата на таа земја ги презема за да го намали бројот на „валканите“ дизел-возила на патиштата. Освен за „Ауди“, акцијата важи и за некои користени автомобили на тој производител, кои исто така, ги задоволуваат Еуро 6 нормите.
Купците што ќе се решат за некои од еколошки прифатливите модели, со plug-in хибриден погон или погон на природен гас, ќе добијат уште подобри понуди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст