Неодамнешните посети на високиот претставник и заменик-претседателот на Европската Комисија и на еврокомесарот за проширување и добрососедска политика јасно ja покажуваат целосната и континуирана посветеност на ЕУ за Македонија и за регионот во целина.
Го напишала високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини во одговорот до европарламентарецот и заменик претседател на Европскиот парламент Димитрис Пападимулис, кој поднесе писмено прашање во врска со ситуацијата во Македонија.
Пападимулис писмото го испратил на 4 мај и во него нагласил дека „Македонија е поткопана од континуирана политичка нестабилност, со политички и меѓуетнички раздор кој се влошува“. Пападимулис во писмото уште напоменал дека „се интензивира климата на политичко ривалство, постои континуирана несигурност во прашањето за формирање влада, медиумите се обидуваат да се замолчат, независноста на судството е доведена во прашање, а насилството и судирите ескалираат“. Тој тогаш додал и дека ситуацијата во Македонија „ја влошува и националистичката и иредентистичка реторика на албанскиот премиер Еди Рама и политиката на Косово кои се обидуваат да го одвлечат вниманието на јавноста од вистинските проблеми на сиромаштијата и корупцијата“.
– Овие појави ја загрозуваат стабилноста и развојот на земјите од Западен Балкан, како и нивниот европски пат, заклучил Пападимулис.
Одговорот на Могерини е со датум од 27 јули, но грчкиот европратеник го објави денеска и во него се истакнува дека „присуството и посветеноста на ЕУ за земјите од Западен Балкан е од витално значење за мирот и стабилноста во регионот и неговото економско заздравување“.
– Во овој контекст, ЕУ ја изрази својата подготвеност да соработува со новата Влада на поранешната југословенска Република Македонија, која веќе направи позитивни чекори кон стабилизирање на односите со своите соседи, вели Могерини во одговорот.
Таа, исто така, додава дека претставниците на ЕУ во нивните изјави, но и во директните контакти со политичките лидери постојано предупредуваат дека треба да се избегнува секаква провокативна реторика, како внатре, така и надвор од земјите.
– ЕУ промовира мир, помирување и регионална стабилност преку дијалог и консензус, и ќе продолжи да го прави тоа, нагласува Могерини
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст