| четврток, 6 декември 2018 |

Македонското малцинство избришано од резолуцијата на ПССЕ за Бугарија

Парламентарното собрание на Советот на Европа, со амандман го избриша македонското малцинство од текстот на резолуцијата со која го продолжи пост-мониторинг дијалогот со Бугарија.

Во резолуцијата ПССЕ е загрижена заради растот на националистичката идеологија и непријателска клима против малцинствата, како однесувањата на приврзаниците на АТАКА против муслиманите и против Ромите низ Бугарија. Истовремено се бара целосно спроведување на одредбите од Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, како и потпишување и ратификација на Европската повелба за регионални и малцински јазици.

Но, Парламентарното собрание на Советот на Европа, меѓутоа, од Резолуцијата ги избриша македонското малцинство и Помаците. Во предлог- текстот на резолуцијата се бараше посебна грижа за овие две непризнати малцинства. Бришењето на македонското малцинство од резолуцијата се случи преку амандман поднесен од група парламентарци, а пред ПССЕ предлогот го бранеше бугарскиот парламентарец Лачезар Тошев.

– Во 2000 година, кога Бугарија ја ратификува Рамковната конвенција за малцинствата, ние одлучивме да направиме листа на признати малцинства. Ние сметаме дека сите групи можат да ја уживаат заштитата на рамковната конвенција“, посочил Тошев. Македонското малцинство не е признато од бугарската држава и тоа не се наоѓа на листата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top