| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалската вечер помина мирно без лекарски интервенци!

Според информациите од дежурните екипи, во текот на вчерашната вечер околу одржувањето на Супер купот на УЕФА, не е регистрирано зголемување на вообичаениот број интервенции, информираат од Министерството за здравство.
– На Клиниката за токсикологија не е примен ниту еден пациент, во службата за Итна медицинска помош не се регистрирани колапси, а само еден странски државјанин со скршеница на рака е транспортиран во Клиниката по хируршки болести „Св.Наум Охридски“. Исто така, и од Ургентниот центар во комплексот клиники информираат дека ноќта поминала мирно и без зголемен број интервенции. Оваа состојба покажува зголемена свесност кај граѓаните и почитување на здравствените препораки – велат од Минситерството за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top