| четврток, 6 декември 2018 |

Високи температури од портокалова фаза, да се почитуваат препораките

Со високи температури од портокалова фаза е зафатена Македонија. Продолжуваат да важат препораките на Министерството за здравство – од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60 годишна возраст, додека сите останати лица при појава на каков било здравствен проблем веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

Да се јаде лесна и свежа храна, да се пијат многу течности, посебно вода, најмалку два литра, да се носи лесна облека, да се избегнува директна сончева изложеност, да не се одржуваат спортски активности на отворено од 11 до 17 часот, градинките да не ги изнесуваат децата надвор и да не практикуваат физичка активност во од 11 до 17 часот,…, се исто така дел од препораките.

На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на препишаната терапија, а при појава на каков било здравствен проблем да го контактираат матичниот лекар. Поради повисоките температури, според Министерството, потребен е повисок степен на внимание при подготовка и консумирање на храната.

Работодавците треба да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено од 11 до 17 часот, обезбедување одмор под сенка за работниците и доволно течности, на секои два часа.

Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на www.toplotnibranovi.mk, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top