| четврток, 6 декември 2018 |

Илјадници граѓани на плоштад: Кој ќе победи, ѓаволите или кралевите (Фото)

Со внимание на плоштадот Македонија илјадници граѓани го следат натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Желбите на фановите денеска беа да победи нивниот фаворит. Коце Трајановски посака да победи подобриот, а кој ќе победи ќе се знае на крајот на натпреварот. Вечера најсреќните кои преку лотарија успејаа да дојдат до билет ова фудбалско задоволство имаат можност да го гледаат во живо на Арената Филип Втори која е полна до последнито столче. Мечот го пренесуваат голем број светски телевизии, фан страните на Манчестер и Реал. Тука се и ѕвезди како Фергусон и Роберто Карлос. Скопје со Суперкупот покрај македонската публика, вечерва го има и целото светско внимание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top