По десет години брак рускиот милијардер Роман Абрамович се раздели од 15 години помладата сопруга Даша Жукова.
Во заедничка објава за медиумите тие ја објавија разделбата, напомнувајќи дека ќе останат блиски пријатели. Ова е трет развод за милијардерот. Сопственикот на Челзи тежи 7 милијарди долари, а според медиумите ова би можело да биде најскапиот развод во историјата.
Парот има две деца, син и ќерка. Се запознале на забава во 2005 година, додека Абрамович бил женет со Ирина Маландина, поранешна стјуардеса. Даша е ќерка на руски нафтен магнат и мајка научник, а пред да се занимава со мода сакала да стане докторка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст