| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата приведе две лица од фан зоната на плоштад Македонија за продажба на фалсификувана роба

На Плоштад Македонија денеска се приведени две лица поради продажба и дистрибуција на неавторизирана стока со брендови на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Како што соопшти МВР, лицата се однесени во Полициската станица Центар, а Пазарна инспекција ќе поднесе прекршочна пријава согласно Законот за трговија по член 2 став 2 „Вршење дејност без регистрирано правно лице“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top