| четврток, 6 декември 2018 |

Како фудбалерите на Реал и Јунајтед учеа знаковен јазик од децата со оштетен слух (Видео)

Еуфоријата во Скопје расте во очекување на вечерашниот натпревар меѓу тимовите на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед закажан во 20 часот и 45 минути на стадионот „Филип Втори“.

Фудбалери од двете екипи вчера се дружеа со деца од училиштето за ученици со оштетен слух „Партение Зографски“ кои пред натпреварот на знаковен јазик ќе ја испеат „Небо полно ѕвезди“ (Sky Full of Stars) од „Колдплеј“. Децата се избрани од УЕФА Фондацијата.

Фудбалските ѕвезди учеа како да кажат „Сакам фудбал“ на знаковен јазик, а играчите на Јунајтед побараа да видат како изгледа на знаковен јазик да се каже: „Манчестер Јунајтед ќе победи утре“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top